Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полс Сколс избра три најдобри играчи во англиската Премиер лига, и тоа сите три од таборот на градскиот ривал Манчестер Сити.
Легендата на Јунајтед смета дека Серхио Агуеро, Кевин де Брујн и Давид Силва се најголеми ѕвезди на Премиер лигата, но додека дека и Јувентус може да победи било кој англиски тим.
Поранешниот играч за врска на Јунајтед не е задоволен поради недостаток на талент во Англија, и тврди дека Шпанците, Германците и Италијанците може да се пофалат со подобри играчи, и дека тоа е причината поради што е послаб интересот за елитниот ранг.
„Шпанската лига е далеку најдобра ако судите на основ на европските натпреварувања“, рече Сколс, во дел од книгата објавена во Гвардијан.
„Во четвртфиналето на Лигата на шампионите и Европската лига имаа 6 од 16 тимови, скоро половина. Премиер лигата имаше само два клубови“.
„Неопходен е исчекор во квалитет во Англија. Исклучок се Агугеро, Де Брујн и Силва, немаме врвни играчи. Сите најдобри играчи се во другите земји“.
„Најдобрите играчи се во Шпанија или во Баерн и Јувентус. Поврзувани сме со голем број на играчи – Герет Бејл е еден од нив, но сега ги немаме. Никогаш нема да видиме Лионел Меси да доаѓа овде, никогаш нема да го видиме Нејмар во Премеир лигата“, додаде Сколс.
Сколс за себе вели дека повеќе е потчинет фудбалот, отколку парите и спонзорите.
„Парите се најважни во фудбалот во денешно време, бидејќи поголем дел од сопствениците интересот го гледаат во заработката. Нив не ги интересира што во сабота ќе видат во последен момент на теренот. Тие се исклучиво бизнисмени, додека во Барселона имаат рамнотежа меѓу бизнисот и фудбалот“.
„Очигледно, мораат да заработат пари за доброто на клубот, но клубот треба да биде во сопствеништво на навивачите, не во рацете на еден човек или група навивачи. Парите не треба да бидат примарна цел, веќе забава. Основањето на Лигата на шампионите е најпрестижна награда, тоа е причина поради што останатите имаат најдобри играчи, и поради тоа таквите клубови се меѓу најдобрите на светот“, заклучи Сколс.