Смолинг го напушта Олд Трафорд после осум години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


28 годишниот штопер ги договорил деталите со Волверхемптон и во наредните неколку денови треба да стане нов член на англискиот премиерлигаш.

Волвс имаат големи финансиски средства на располагање. Сакаат да направат тим кој ќе се бори за врвот.

Ова лето се многу активни со купување на фудбалери. Доведоа неколку познати имиња, помеѓу кои Руи Патрицио, Раул Хименез и Мутињо, а сега се одлучија да се засилат со Смолинг.

Смолинг за Јунајтед забележа 289 настапи и два пати ја освои Премиер лигата, еднаш ФА купот, ЕФЛ лигата и Европската лига.

Сега пред него е нов предизвик.