Соблекувалната комплетно во поддршка за Солари: Тој е нашиот тренер…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Начо Фернандез изјави дека играчите го поддржуваат тренерот, Сантијаго Солари.

„Тешко е, бидејќи работите не одат добро, но Солари е наш тренер и ние мораме потполно да застанеме зад него“, истакна Начо, пренесува Марка.

Со победата над Валјадолид со 4:1, покрај неубедливата игра, кралскиот клуб ја прекина серијата од три порази во низа.

„Со оваа победа нема да ја заборавиме изминатата недела, но кога играте за Реал морате да победите во секој меч и да се борите за грбот. Сакавме сезоната да ја завршиме со еден трофеј, но тоа сега е малку веројатно“, заклучи дефанзивецот на Реал.

Мадридскиот великан моментално се наоѓа на третата позиција во Ла Лига и заостанува зад градскиот ривал Атлетико пет бодови, додека Барселона веќе е на „плус 12“.