Соланке и дефинитивно го напушта Ливерпул, но останува во Премиер лигата…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот напаѓач, Доминик Соланке не може да се избори за мести во екипата на Ливерпул, чиј член е од летото 2017. година.

Соланке оваа сезона не одигра ниту еден меч за првиот тим на „Црвените“, а настапи само на два меча за У-23 тимот на кои постигна и два погодоци.

За овој 21-годишен фудбалер повеќе нема место на „Енфилд“, но сите информации велат дека ќе се скраси во Кристал Палас, што би било нова шанса да се покаже во Премиер лигата.

Менаџерот на Кристал Палас, Рој Ходсон по поразот од Челси отворено порача дека доведувањето на Соланке е приоритет број еден во јануари.

„Соланке е наша желба и тоа не е тајна. Ако тоа го вели нашиот сопственик, тогаш се знае дека тој е нашата цел во зимскиот преоден рок. Тој е добар фудбалер кој своите способности ги покажа играјќи за младата репрезентација на Англија и младинската секција на Челси, а ако дојде во Кристал Палас ќе има шанса да докаже дека може да постигнува погодоци и на премиерлигашко ниво“, истакна Ходсон.

Доминик Соланке изби од школата на Челси, а еден период играше и на позајмица во холандски Витесе.