Солари испрати јасна порака: Ова нема да ви пројде и против нас…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од 17:30 во финалето од Светското клупско првенство ќе се сретнат Реал Мадрид и Ал-Аина, клуб предводен од хрватскиот стратег, Зоран Мамиќ.

Екипата на Мамиќ во полуфиналето по пенали сензационално ја елиминираше Ривер Плата, а досега на Светското клупско првенство неколку погодоци постигн од прекин. Секако, прекините ќе им биде и едно од најсилните оружја против Реал, но во Мадрид се подготвени на тоа.

„Ќе се обидат да му пречат на нашиот голман, како што правеа против Ривер, но се надеваме дека овојпат нема тоа да им помине“, истакна тренерот на Реал, Сантијаго Солари.

Тој и порано ги следел натпреварите на тимот на Мамиќ.

„Тие ќе играат на свој начин. Своите напаѓачи ќе се обидат да ги искористат што е можно подобро, ќе бидат дефанзивно цврсти и опасни од прекин“.

Реал има шанса третпат во низа да го освои Светското клупско првенство.

„Тоа би било големо достигнување. Тешко е од година во година да се повторува таков успех и голема одговорност лежи на наш грб. Ова е фудбал и не можете вечно да бидете први. Сметам дека е тешко на вистински начин да се вреднуваат успесите на Мадрид во последните пет години. Доста вложивме за да играме во завршниците“.