Солари не сака да замине од Мадрид: Не дојдов во Реал за да се откажам тукутака…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа доживеа тежок пораз на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-4 од Ајакс и така беше елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Тренерот на „кралевите“, Сантијаго Солари имаше интересна изјава по мечот, а јасно кажа дека нема намера да си замине од тренерското место.

„Секако дека сме тажни и разочарани. Дадовме максимум, но тоа не беше доволно. Дојдов тука за да работам. Мораме да бидеме вистински професионалци и да продолжиме со работата веднаш. Не дојдов тука за да се откажам во тежок момент“, вели Солари.

Реал доживеа четири порази по ред на домашен терен во сите натпреварувања, а новинарите го прашаа дали смета дека треба да добие отказ.

„За тоа јас не одлучувам. Утре е нов ден, играме нов меч во текот на викендот. Сите имаме професионални обврски“, објаснува тренерот на „кралевите“.