Солари со победа дебитираше на клупата на Реал Мадрид (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сантијаго Солари со победа дебитираше на клупата на Реал Мадрид откако „Кралскиот клуб“ очекувано лесно со 4:0 славеше во првиот натпревар од 1/16 финалето од Копа Дел Реј против третолигашот Мелила.

Иако „Кралевите“ беа огромни фаворити, оваа победа сигурно ќе им дојде добро за подигнување на самодовербата која воопшто не е на ниво овој период.

Резултатот во 28. минута го отвори Карим Бензема, а во самиот финиш на првиот дел Асенсио погоди за 2:0.

Во финишот на второто полувреме видовме уште два гола во мрежата на Мелила. Прво во 79. минута Одриозола погоди за 3:0, а конечните 4:0 ги постави младиот Гонзалез во судиското надополнување.