Солскер: На Јунајтед му се неопходни трофеи, ТОП 4 не може да биде успех


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После елиминацијата од Карабао и ФА купот во само три дена, менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, изјави дека за неговиот клуб е најважно да биде помеѓу четирите најдобри екипи во Премиер лигата, отколку да освои некој од тие трофеи.

Кратко после тоа, пристигна на некој начин и реплика на коментарот на Покетино од страна на Солскер кој не беше согласен со стратегот на Тотенхем.

Менаџерот на Јунајтед не му одговори директно на Покетино, но неговата изјава беше сосема јасна.

„Ние сме Манчестер Јунајтед и секогаш треба да конкурираме за освојување на Премиер лигата. Оваа година не можеме тоа да го направиме, бидејќи е веќе касно, но ќе гледаме само напред и ќе пробаме наредната година“, рече Солскер и продолжи:

„Нам само пласам во четирите најдобри екипи во лигата не може да ни биде успех. Ги имаме Лигата на шампионите, ФА купот, мораме да се бориме за трофеи. Ако освоите трофеј, тоа е фантастичен ден за сите во клубот. Тој ден кога ќе освоиш нешто е најдобриот ден во твојот живот, бидејќи никогаш не знаеш кога ќе дојде наредниот трофеј“

Инаку, Солскер играјќи за Манчестер Јунајтед шест пати ја освои Премиер лигата, а еднаш и ЛШ кога беше јунак во финалето против Баерн.