Солскер сака Мата да остане во Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После доаѓањето на Солскер, Јунајтед врза шест победи, атмосферата во тимот на големо се промени, се е идилично, посебно по победата над Тотенхем.

Пред некое време уште додека Мурињо беше на клупата, Мата беше на излезните врати, а сега наводно Солскер е одлучен да го задржи Шпанецот да остане во клубот.

Договорот на Мата му истекува летово, а се говори за враќање во Шпанија, но Новрежанецот планира да го задржи.

Агентот на Мата и негов татко оваа недела ќе се состане со челниците на Јунајтед и ќе разговараат условите за новиот договор, а и самиот играч е спремен да остане на Олд Трафорд.

Откако Солскер дојде, Мата започна да игра, иако и понатаму не е стартер. Поранешниот играч на Челси стигна во Јунајтед во јануари 2014. година и постигна 44 голови во 207 настапи на сите натпреварувања.