Солскер урлал во соблекувалната на Јунајтед, а го споменал и Мурињо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ги шокираше своите навивачи со излегување од ФА купот во 1/4 финалето.

Црвените Ѓаволи играa во гости против Волверхемптон и јасно беше дека имаат улога на фаворити, но тоа не го оправдаа. Јунајтед го одигра еден од полошите натпревари под водство на Солскер, а на крајот беа поразени со 2-1.

Солскер на терен го пушти најсилниот состав кој го имаше на располагање, но ниту тоа не му помогна. Англиските медиуми пренесуваат дека норвешкиот стручњак бил бесен после мечот и на сите им одржал предавање во соблекувалната.

Наводно, Солскер го споменал дури и Мурињо, како би сфатиле играчите колку лошо го одиграле натпреварот.

Мирор пренесува дека Солскер рекол дека играле очајно како тимот да го водел Мурињо.

Тој им порачал дека мораат да ја искористат репрезентативната пауза за самите да ја анализираат лошата игра против Волвс.