Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска се игра дербито во 27. коло од англиската Премиерлига на „Олд Трафорд“ меѓу вечните ривали Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Ливерпул на „Театарот на соништата“ пристигнува со ист број бодови колку и Манчестер сити, но и со натпревар помалку, а од друга страна Јунајтед се бори со Арсенал и Челси за четвртото место на табелата, кое обезбедува пласман во Лигата на шампиони.
Со пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер, Манчестер јунајтед стана друг тим, кој денеска има шанса да му напраив проблеми на Ливерпул во борбата за трофејот во Премиерлигата.
Ливерпул на крајот на минатата година имаше големи седум бодови предност, но тие направија неколку грешки и „граѓаните“ им се приближија.
Доколку загубат денеска од Јунајтед, сонот за титулата по 1990 година би можел да биде одложен, а тоа на прес-конференцијата го кажа и Оле Гунар Солскјер.
„Имам многу пријатели кои навиваат за Ливерпул и секоја година слушам дека била нивна. Тие издржуваат до октомври и потоа велат: Добро, тогаш наредната ќе биде наша. Сега конечно се во вистинска трка за титулата и ќе биде интересно до крајот. Но, ние не сме загрижени за тоа, туку ние сакаме да бидеме меѓу четирите најдобри во Премиерлигата“, вели Солскјер.