Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ во минатото лето потпиша за Манчестер Јунајтед во кој дојде како слободен играч од ПСЖ.
Ибрахимовиќ после три сезони се одлучи да го напушти Париз и својата кариера да ја продолжи во дресот на Црвените ѓаволи.
Сепак, Швеѓанецот со Јунајтед потпиша само едногодишен договор и веќе се почна да се шпекулира дека на крајот на оваа сезона ќе го напушти Олд Трафорд.
Овој 35-годишен напаѓач моментално е најдобар стрелец на Јунајтед и навивачите се надеваат дека на крајот на сезоната ќе го продолжи својот договор.
Легендарниот напаѓач на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер изјави дека го знае начинот на кој Јунајтед може да го задржи Златан.
„Важно е да се избори играње во Лигата на шампионите во наредната сезона.
Тоа е најголема фудбалска сцена на која сака да игра секој играч па и Ибрахимовиќ. Ако избориме пласман во ЛШ јас сум сигурен дека ќе остане. Па на крајот на краевите тоа е единствена титула која му недостасува“, рече Солскјер.