Солскјер посакува играч кој во моментов игра во кинеската Суперлига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека од таборот на Манчестер Јунајтед се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Далијан Јифанг, Јаник фереира Караско.

Оле Гунар Солскјер посакува брзоног фудбалер кој може да покрие на десната крилна позиција, а Караско бил најсоодветно решение за следните шест месеци.

Претходно се пишуваше дека Јунајтед со 60 милиони евра ќе се обиде да го донесе Даглас Коста од Јувентус, но до таков трансфер нема да дојде затоа што клубот од Торино не прифаќа толку ниска сума за својот фудбалер.