Солскјер призна: Легенда на Јунајтед заминува од „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер го прероди Манчестер јунајтед по неговото пристигнување, па сега имаат шанса да се борат за освојување на позиција која обезбедува пласман во Лигата на шампиони наредната сезона.

Солскјер планира да го реновира тимот, доколку остане на тренерската позиција во Манчестер и по наредното лето.

Сепак, Норвежанецот најави заминување на легендата на Јунајтед, Антонио Валенсија, кој во клубот помина десет години и ја има капитенската лента.

„Антонио во моментов не е уште подготвен, работи на тоа да ја заврши својата голема кариера во Јунајтед. Мислам дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, но тоа нема да го смени неговиот статус. Тој е капитен на екипата“, призна Солскјер.

Валенсија стигна од Виган во 2009 година и освои две титули во Премиерлигата, ФА-купот, Карабао-купот и Лига Европа.