Сосиедад повторно доби три парчиња од кралскиот клуб – Реал Мадрид ја зголеми предноста во однос на Барселона и Севиља (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Реал Сосиедад на Сантијаго Бернабе со 3:0 во натпревар од 20-то коло во Ла Лига.

Реал Сосиедад преку Вилијан и Каналес се закани по голот на Навас, но костариканецот бранеше фантастично на почетокот на натпреварот.

Во 38-ма минута Кристијано Роналдо му додаде на Матео Ковачиќ кој излезе сам со голманот Рули и му донесе водство на кралскиот клуб.

Хуанми пред крајот на првото полувреме пропушти голема шанса за израмнување кога шутираше покрај голот.

На почетокот на второто полувреме Ковачиќ асистираше, а Кристијано Роналдо го зголеми водството на Реал Мадрид.

Петнаесет минути пред крајот на натпреварот Реал Сосиедад остана со 10 фудбалери на теренот бидејќи црвен картон доби Ињиго Мартинез.

Резервата Алваро Мората погоди со глава на асистенција на Васкез и ги постави конечните 3:0.