Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
СП во боб санкање во 2017-та година нема да биде оддржано во Сочи, бидејќи меѓународната федерација во боб санкање и ја одзема организацијата на Русија.
Во соопштението се изјавува дека не би било добро да се оддржи шампионатот во Русија, земја која последната година ја погоди допинг скандал.
Пред повеќе од една година, меѓународната атлетска федерација ги суспендираше сите руски атлетичари по известувањето за допинг. Минатата недела беше направен нов извештај во кој пишува дека 1000 руски спортисти од 30 спортови од 2011 до 2015-та година користеле допинг.
Новиот домаќин на СП ќе биде познат во наредните денови.
Се верува дека Германија се понудила да го организира СП, како и швајцарскиот Санкт Мориц.