„Со голови ќе докажам дека заслужувам повик!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Интер, Мауро Икарди повторно не доби повик од репрезентацијата на Аргентина, иако игра одлично.

Пред неколку денови медиумите објавија дека тој би можел да добие повик, но немаше ништо од тоа.

Напаѓачот на Интер игра одличн, но Бауза сеуште не сака да го повика во репрезентацијата.

Тој неодамна изјави дека Икарди ќе биде на неговиот список дури кога некој играч ќе отпадне поради повреда.

Иако станува збор за одличен напаѓач, сепак на Бауза не му се допаѓа.

„Во минатите години сон ми беше да играм на високо ниво и тоа го направив. Моите наредни голови ќе бидат доказ дека можам да играм за Аргентина. Не се откажувам лесно и сигурен сум дека еден ден повторно ќе заиграм за Аргентина.“