Со кого Кеси ќе го сочинува тандемот во средината на Милан?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Се е извесно дека талентираниот фудбалер на Аталанта ќе дојде на Сан Сиро, е ве и кого сака новиот спортски директор да го спари во средниот ред.

Френк Кеси беше голема желба на Манчестер Јунајтед и Челси, потоа се појави приказна дека се договори со Рома, а последните информации укажуваат дека е на пат да ги засили Росонерите.

Новата управа наводно е спремна за добар дел од буџетот да ги потроши на ангажирање на фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, а вредно работат и на ангажирање на фудбалер со кој Кеси ќе го сочинува тандемот во „срцето“ на средниот ред.

Познато е дека се заинтересирани за Лоренцо Пелегрини, како и за фудбалерот на мадридски Реал Матео Ковачиќ, а наводно на листата се појави уште едно име.

Новиот спортски директор на Милан е голем почитувач на квалитетот на поранешниот фудбалер на Интер Алфред Данкан и токму него сака да го спари со Кеси во средината.

Фудбалерот од Гана во Сасуоло стигна за само шест милиони евра, клубот од Реџо Емилија дефинитивно ќе бара повеќе, но Милан секако со ангажирањето на Данкан може финансиски подобро да помине отколку во случајот со Пелегрини и Ковачиќ.

Единствен проблем е што за Данкан е заинтересиран и Баер Леверкузен, и со нив ќе водат борба околу неговиот потпис.