Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Интер, Лучано Спалети, зборуваше за медиумите како треба да изгледа неговата екипа во новата сезона, во која ќе се бори со Јувентус за врвот во Серија А.
Во сабота на Интернационалниот куп во Ница, Челси го победи Интер по изведување на пенали, откако по 90 минути беше 1-1.
По средбата, Спалети зборуваше за преодниот рок, во кој „нераѕурите“ ги ангажираа Раџа Наинголан, Лаутар Мартинез, Стефан Де Вриј, Квадво Асамоа и Матео Политано.
Тренерот на Интер смета дека им се потребни уште засилувања за да бидат во конкуренција за титулата.
„Трансфери? Во моментов немаме многу резервни делови. Би сакал да се знае дека многу игравме со исти фудбалери, кои беа повредени. Најважна работа е брзината на реализирање. Врсаљко? Нема проблем, ако нашиот клуб има план за него, мора да го почекаме. Јасно е дека пазарот уште не е затворен, а тука се и повредите кои влијаат при градењето на нова екипа“, вели Спалети.
Luciano Spalletti feels #Inter’s defeat to #CFC highlighted a need for more new faces https://t.co/TeCXF2GSda #FCIM #CFCINT #ChelseaInter #ICC2018 pic.twitter.com/R0uRyoHLeV
— footballitalia (@footballitalia) July 28, 2018