Спалети ќе разговара со Перишиќ за неговата иднина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот предводник на Интер, Лучиано Спалети истакна дека ќе разговара со Иван Перишиќ околу неговата иднина во клубот.

„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед не се откажува од намерата да го ангажира хрватскиот стратег иако веќе две понуди беа одбиени од раководството на Интер.

„Ќе слушнам што има да каже. Сметам на него за следната сезона, но ние треба да ги дознаеме неговите намери. Нема да биде убаво за мене да го слушнам како ми кажува дека сака да замине. Ќе видиме што ќе се случи. Медиумите може да зборуваат за неговото заминување, но јас сакам да слушнам што има да каже тој и потоа да одлучам како ќе постапам“– коментираше Спалети.

Се шпекулира дека Манчестер Јунајтед ќе испрати и трета понуда за Перишиќ, а истата ќе го вклучи и Матео Дармиан во договорот.