Спартак не жали пари за титула: Доведува тројца квалитетни играчи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Московјаните имаат многу работа во зимскиот преоден рок.

Спартак од Москва е најзапослен руски клуб во зимскиот преоден рок.

Деценија и пол без титула за најтрофејниот руски клуб е доволна причина за Московјаните серизоно да се фатат за работа и не сакаат да го уништат она што го градеа во текот на првиот дел од сезоната која ја завршија на лидерската позиција.

Италијанскиот тренер Алесио Карера целосно го промени менталитетот на екипата и всади победнички дух поради што стекна висок рејтинг и клубот сега му ги исполнува желбите во преодниот рок.

Првото засилување беше играчот за врска Самедов, а најавено е заминување на Попов и Ташчи.

Сега се чека доведување на напаѓач на кој инсистира Карера.

Кругот е намален на двајца кандидати, а не е исклучено Спартак да доведе дцајца. Се работи за Луиз Адријано од Милан и Емануел Еменике од Фенербахче.

Бразилецот од Милан е голема желба на Карера, а адаптацијата нема да му биде проблем со оглед дека долго време играше за Шахтјор во Украина и се навикна на јазикот, климата и сличен амбиент.

Тој во Милан е дури трет шпиц, а Росонерите сакаат да се решат поради големата плата и да ослободат место во буџетот за некое засилување.

Веќе со денови траат преговорите на Милан и Спартак околу Бразилецот, а руските медиуми наведуваат дека до договор е блиску.

Милан би добил 7 милиони евра за оштета, а напаѓачот тригодишен договор вреден 4 милиони евра годишно со евентуални бонус од 1 милион евра годишно.

Уште некои клубови покрај ЦСКА, Севиља и Порто беа заинтересирани за Бразилецот, но Спартак засега е најконкретен и трансферот е на повидок.

 

Покрај Луиз Адријано, се најавува и доаѓањето на Емануел Еменике во Спартак. Нигерискиот напаѓач во 2011 година дојде во Спартак од Фенербахче, а две години подоцна Фенер го откупи назад за 13 милиони евра.

На Турците не им даваат чисти пари веќе сакаат да го позајмат со опција за Спартак во наредното лето да го откупат за 3 милиони евра.

Истовреме се најавува за Спартак уште 3 милиони да потроши на откуп на бразилскиот стопер Маурисио од Лацио. Тој дојде во минатото лето во Москва и оствари добар впечаток.