Спектакл во Мелбурн: Мареј со стил се прости од играњето тенис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Енди Мареј денес веројатно го одигра последниот меч во својата кариера, бидејќи испадна од Австралија Опен од Роберто Баутитас-Агут.

Мареј и Баутиста-Агут одиграа неверојатен меч, а победникот го гознавме дури после пет сетови. Батутиста одлично го започна мечот и се чинеше дека лесно ќе дојде до победа, но Маренне сакаше туку така да се предаде, со обзир на тоа дека веројатно ова беше неговиот последен меч во кариерата.

Првите два сета завршија во корист на Баутиста, а тогаш изгледаше дека се е готово. Но, Мареј во продолжението пронајде неверојатна сила и успеа да се врати. Во наредните два сета гледавме тај-брејк, а во двата наврати успешен беше Мареј.

Но, во петтиот сет се виде дека Мареј трпи големи болки.

Тој дури пушти солзи бидејќи му беше јасно дека не може да се носи повеќе со Баутиста. После нешто повеќе од половина час во петиот сет шпанскиот тенисер славеше со 6-2 и така се пласираше понатаму.