Спектакуларен пресврт на Кливленд во Индијана!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кливленд ја победија Индијана на гостувањето со 119:114 по неверојатен пресврт и така стигнаа до 3-та победа во серијата.

Бранителите на титулата дојдоа до вредна победа, откако на полувремето губеа со 25 поени разлика, но со одлична игра ја надокнадија негативата.

Успехот е уште поголем за Кливленд кога се знае дека тренерот Лу одлучи во последниот период да не играат Лав и Ирвинг.

Најдобар кај Кливленд беше Џејмс со 41 поен, 12 скокови и 12 асистенции. А го следеа Фрај, Ирвинг, Смит и Лав со по 13 поени.

Кај Индијана најдобар беше Пол Џорџ кој го заврши натпреварот со 36 поени, 15 скокови и 9 асистенции.