Сплаети удри по Марота: Причината е Перишиќ, ова не е паметно …


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Интер, Лучано Сплаети го обвини спортскиот директор Џузепе Марота дека ја нарушил атмосферата во соблекувалната со изјавата дека Иван Перишиќ сака да си замине од „Меаца“.

Перишиќ и капитенот на тимот, Мауро Икарди имаа расправија токму поради мотиво на Хрватот, кој оваа зима е најмногу доведуван во врска со трансфер во Арсенал.

„Не е паметно да каже дека сака да замине. Сега мораме да го вратиме на вистинскиот пат. Се зборуваше за трансфер, доби одлична понуда и беше во искушение, но потоа се повлече. Сега мораме да го регенерираме, психички не е најдобро“, истакна Спалети по елиминацијата на пенали од Лацио во четвртфиналето од Купот на Италија.

Спалети практично е веќе „бивши“ тренер на „Нероаѕурите“ бидејќи Марота на лето договори клупата да ја преземе Антонио Конте, со кој веќе успешно соработуваше во Јувентус.