Спортинг доведе засилување од Андалузија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што пренесува добро информираниот Џанлука ди Марзио, лисабонските лавови осигураа потпис со фудбалер на Бетис за наредната сезона.

Иако сеуште не почна преодниот рок, управата на Спортинг веќе го капираше првото засилување.

Имено, нов играч на лосабонскиот клуб во наредната сезона треба да стане десниот бек на Бетис Кристијано Пичини.

Италијанецот кој кариерата ја почна во Фиорентина, уште од 2015 година е член на екипата од „Бенито Виљамарина“ одигра 23 меча во Примера во оваа сезона, запиша два погодоци и три асистенции.

Наводно Спортинг имал конкуренција во англиски Вест Бромвич Албион, но успеале да ги надмудрат и да го ангажираарт 24-годишниот фудбалер.

Бетис од трансферот ќе заработи три милиони евра, а Пичини истите пари ќе ги добие во име на плата во наредните пет години, на колку ќе потпише договор.