Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата БиХ одлично ги започнаа квалификациите за СП 2018 година со победа против селекцијата на Естонија – 4:0. Шампионот на Европа Португалија лесно е поразен во Швајцарија, а непријатно изненади и Французите и Унгарците.
БиХ во Зеница работата ја одработија во првото полувреме. Мрежата ја гостите ја затресе Емир Спахиќ, кој одлично се снајде во шеснаесетникот после што голманот на Естонија го одбрани ударот на Ведат Ибишевиќ.
Предноста на домаќините ја дуплираше Един Џеко во 23 минута од пенал, на 3:0 зголеми Харис Медуњарин во 71 минута, Ибишевиќ во 83 минута погоди за 4:0, а Спахиќ во последните моменти ги постави конечните 5:0.
Швајцарија во Базел целосно го надигра шампионот на Европа Португалија, која играше без најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо. Домаќините во предност ги доведе Емболо во 24 минута, а со одличен погодок конечниот резултат го постави Мехмеди во 30 минута.
Шведска водеше против Холандија со прекрасниот гол на Берг во 43 минута после големата грешка на Стротман, а бод на Холандија обезбеди Снајдер во 67 минута. Холандија е без пораз во квалификациите за СП веќе 15 години.
Белгија беше убедлива на гостувањето во Кипар – 3:0, со два гола на Лукаку и еден на Караско и промашен пенал на Батшуаји.
Драмата во Софија припадна на Бугарија. Домаќините водеа со 1:0, Луксембург направи пресврт со 2:1, а потоа во судиското продолжение на времето израмни на 3:3, но Тонев во следниот напад со одличен гол донесе победа на Бугарија.
Два гола за Луксембург постигна Жоаким, кој соевремено го носеше дресот на ЦСКА од Софија, а интересно е дека последен пат двоен стрелец за националниот тим беше Лу Пило, во 1964 година во поразот од Југославија.
Фарските острово скинаа бод на Унгарците, баш како и Белорусија на домашен терен против Франција.
Грција без потешкотии запиша три бода против Гибралтар, а победа запиша и Летонија на гостувањето кај Андора. Во овој меч е постигнат и 20 000 гол во историјата на квалификациите за СП, а стрелец на јулилејниот погодок беше Летонецот Валеријс Шабала.