„Среќен сум што играм за Манчестер Јунајтед“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот голман кој ги брани боите на Јунајтед, Давид Де Геа брани се подобро во последно време и тој е еден од најдобрите голмани во светот.

Последните месеци се споменуваше дека тој ќе премине во Реал Мадрид, но сепак тоа не се случи, а сега на официјалната страна на Јунајтед се појави и изјава на голманот.

„Се чувствувам убаво на теренот. Многу сум среќен што играм за Јунајтед и Шпанија. Чувствувам дека ми оди добро и сакам да продолжам вака.“

Да потсетиме, Јунајтед има 17 натпревари без пораз, а тој вели дека мора да остане така.

„Се е лесно кога победувате и кога сте во добра серија на резултати. Победувате, односно никогаш не губите и сите се среќни поради тоа.“