„Среќен сум што и помагам на Рома!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Рома, Салах беше стрелец на еден од 4-те голови за Рома против Торино.

Откако тој се врати од Африканскиот куп на нации, Рома стана ефикасна и влезе во страшна форма.

Салах е среќен поради својот гол, но повеќе го радува победата.

„Мило ми е што се вратив и што добро ни оди. Со Египет доживеав големо разочарување на купот, но среќен сум што и помогнав на Рома.“

„Последните неколку натпревари играм на оваа позиција, малку подалеку од голот, но секогаш стојам на располагање. За мене резултатот е на прво место и секогаш кога победуваме сум среќен.“