Статистиката покажува колку е Меси подобар во оваа сезона од Роналдо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси оваа сезона пружа неверојатни партии во дресот на Барса која е и еден од главните фаворити за освојување на ЛШ.

Каталонскиот клуб минатата сезона ја освои дуплата круна во Шпанија, но оваа сезона прва желба им е ЛШ. Кога Меси е расположен тогаш јасно е дека Барса е голем фаворит, а Аргентинецот оваа сезона игра во фантастична форма.

Вечната дилема секогаш ќе постои кој е подобар Меси или Роналдо, и таа тема секогаш же биде актуелна. Меѓутоа оваа сезона Меси е далеку пред играчот на Јуве во сите сегменти на статистиките. Аргентинецот беше подобар и минатата сезона и тоа поприлично.

Имено, во досегашниот дел од сезоната Меси даде 29 голови во сите натпреварувања, а Роналдо 17. Во асистенциите Меси има предност 14-7, а во клучните додавања дури 89-44. Што се однесува на дриблизните и тоа е на страна на Меси и тоа повеќе од очекуваното.

Меси има моментално 96 успешни дриблинзи, додека Роналдо вкупно 33. Исто така Меси до сега бил 13 пати играч на натпреварот, а Роналдо седум, На сево ова треба да се напомене дека Меси беше надвор од терените три недели поради повреда.