Статистиката покажува: Јунајтед со него во тимот многу потешко победува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгијанецот има многу критики по натпреварот на „Гудисон“, а еве и зошто.

Маруан Фелаини е трагичар во Јунајтед, откако вчера влезе во 85. минута, а во 87. минута направи пенал за домаќините да го изедначат резултатот (1:1).

По натпреварот, Фелаини е под жесток напад од критичарите поради својата нова очајна партија, а англисктие медиуми ја потврдуваат приказната со една интересна статистика.

Кога е Фелаини во тимот, Јунајтед многу потешко доаѓа до победа, без него во тимот Јунајтед славеше на 60,8% од натпреварите, а со него речиси половина помалку 34,4%.

Нема сомнеж дека и Мурињо и Фелаини во остатокот од сезоната ќе бидат на посебен радар.