Стерлинг се отвори: За нас Премиер лигата би била екстремно досадна, да не беа тие…?!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг призна дека му е мило што „Граѓаните“ имаат достојни конкуренти за одбрана на титулата во Премиер лигата.

Откако изминатата година Сити го освои првото место со дури 19 бодови повеќе од првиот зад нив, Манчестер Јунајтед, оваа сезона ситуацијата е нешто поинаква. „Граѓаните“ по 18. кола го заземаат второто место со четири бодови помалку од Ливерпул, а Стерлинг порачува дека неизвесноста е добредојдена.

„Ливерпул е фантастична екипа во сите линии и секоја им чест на тоа како играат оваа сезона. Фантастична работа за лигата е дека тие и Челси се така добри, бидејќи во спротивно Премиер лигата за нас би била екстремно досадна“, истакна Стерлинг во интервју за Спорт360.

Рахем Стерлинг особено го пофали Мохамед Салах.

„Мислам дека Салах ги заслужува сите пофалби. За мене никакво изненадување не беше што одигра онаква сезона изминатата година, а сега покажува дека и оваа ќе биде одличен. Страшен играч е“, заклучи Стерлинг.