Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ленс Стивенсон се врати во тимот на Индијана.
26-годишниот кошаркар, кој успешно ја покрива позицијата на 2 и 3, потпиша 3-годишен договор со Индијана вреден 12 милиони долари.
Тој ја започна кариерата во Индијана, за која играше од 2010 до 2014, по што имаше неуспешни излети во тимовите на Шарлот, Клиперс, Мемфис и Њу Орлеанс.
Настапуваше и за Минесота, а 10-дневниот договор му заврши на средината на март.
Во НБА лигата одигра 346 натпревари, на кои во просек постигнуваше по 8.8 поени, 4.2 скокови и 3 асистенции.