Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Барселона вечерва на Ноу Камп го направи тоа што никој пред тоа не го направи, а тоа е победа против ПСЖ со 6:1 и пласман понатака.
Каталонците се поразени во првиот меч со 4:0 и сите веруваа дека тоа им е крај.
Но, Барса вечерва покажа зошто е еден од најголемите клубови на светот.
До 88 минута беше 3:1 и Парижаните славеа пласман понатака, но тогаш се случи чудо.
Нејмар со два гола ја доведе Барса до 5:1 и чекор до четвртфинале, а во петтата минута од продолжението резервистот Серхи Роберто погоди за 6:1.
Вечерашниот натпревар го следеа сите љубители на фудбалот, а реакцијата на некогашниот играч на Ливерпул, Стивен Џерард го запали интернетот.
Тој како стручен коментатор беше гостин на една англиска телевизија, а голот на Барса го прослави како некогаш во Ливерпул.