Стигнаа првите вести за незгодната повреда на Кристијано Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во квалификациониот натпревар за Европското првенство помеѓу Португалија и Србија се повреди најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо.

Играчот на Јувентус мораше да го напушти теренот во 30. минута од натпреварот, а сега пристигнаа и првичните информации за неговата повреда.

По еден спринт Роналдо се држеше за десната нога, а потоа седна на тревникот по што го напушти теренот. Роналдо го истегнал мускулот на задната ложа и би можел да отсуствува околу еден месец со што би го пропуштил првиот натпревар против Ајакс во Лигата на шампионите.