Стигна до 2163-та година на Фудбал Менаџер, влезе во Гинисова книга на рекорди, а потоа сакаше да стане тренер на Ливерпул!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ако сте љубител на играта Фудбал Менаџер, најверојатно сте свесни дека таа ви дава еден вид на „зависност“.

Дарен Бленд влезе во гинисовата книга на рекорди, откако влезе во својата 154-та сезона како тренер на Фиорентина.

Дарен сега и официјално е светски рекордер откако успеа да стигне до една од најдолгите кариери во историјата на Фудбал Менаџер.

Тој започна да игра во 2010 година, по што играл неверојатни 173 денови, 16 часови и 51 минута.

Тој во играта имал околу 190 години, а тоа го направи и човечко суштество кое живеело најдолго во историјата, барем на играта, а потоа влезе во 2163-та година.

Неверојатно, Дарен освои 151 титула од 154 сезони во Серија А, каде што го осигура својот статус на најдобар менаџер во историјата на фудбалот во тој процес.

Неговиот најскап трансфер бил на Тејодор кој го чинел 105 милиони фунти во 2040 година.

6 години претходно во игра и Алжир бил светски шампион откако победил во СП 2034-та година.

По многу уживање во играта, Дарен се одлучил да се пријави за работата во вистински живот. Тој аплицирал за тренерско место во Ливерпул.