Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Како гром од ведро небо одекна вест дека Реал Мадрид наскоро може да го раскине договорот со Адидас.
Оваа компанија е спонзор на кралскиот клуб уште од 1998 година, а нивниот договор вреди до 2020 година.
Сепак, се чини дека може да дојде до завршување на соработката бидејќи Реал Мадрид доби неморална понуда од американскиот спортски бренд Ундер Армоур, кој е во последната година во неверојатна експанзија.
Според пишувањата на влијателната Марка, Реал Мадрид е веќе во преговори со Ундер Армур, кој на овој клуб нуди повеќегодишен спонзорски договор по кој Мадриѓаните ќе заработуваат 150 милиони евра годишно.
Доколку пишувањата се официјализираат, тоа ќе стане најбогат таков договор во светот на фудбалот.
Ундер Армур пополека станува сериозна закана за Најк во САД барем на спорстко поле, бидејќи спонзорира некои од најголемите американски ѕвезди како Стеф Кари, Том Бредли и Мајкл Фелпс, а познато е дека ги облекува Енди Мареј, Тотенхем…