Стоилов ја напуштил церемонијата „Спортист на годината“ поради двојазичноста

Ракометарот на Вардар, Стојанче Стоилов вчера ја напуштил свеченоста за прогласување на најдобрите спортисти на Македонија, зашто еден од добитниците зборувал на албански јазик.

Стоилов, инаку репрезентативец и на Македонија, наводно според македонските портали, напишал на вибер-групата дека се чувствува посрамотено и понижено поради тоа што слушнал албански јазик на церемонијата.

Инаку, на албански јазик, па потоа и на македонски се обрати претставник од средно училиште во Тетово, кој доби награда за доприност во спортот во Македонија.

Секако, уште не е потврдена причината за заминувањето на Стоилов од церемонијата бидејќи нема официјална реакција од него.