Стоп за кинеското расфрлање на пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Шангај, Андре Виљаш Боаш смета дека деновите на големо трошење во Кинеската Супер Лига можеби се готови.

Португалецот мисли дека новите правила направени да се запрат големите трансфери наскоро ќе имаат влијание.

„Промената на правилата имплицира дека трошењето веројатно ќе запре во Кина и нема да има веќе вакви скапи трансфери.

Ќе видиме како ќе се одвива следната година. Сега пазарот е затворен, а кога повторно ќе се отвори ќе видиме. Но јас не мислам дека трошењето ќе продолжи како што беше претходно“- коментираше Боаш.