Страшна мајсторија: Фудбалер постигна фантастичен погодок од 60 метри! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа во Северна и Средна Америка се играше КОНКАКАФ Лигата на шампиони, каде што имаше два четвртфинални натпревари во кои пласман обезбедија Тигрес и Сантос Лагуна.

Мечот меѓу Сантос и Њујорк беше многу возбудлив, а откако во првиот меч Сантос славеше со 2-0, Њујорк во реваншот стигна до водство по само девет минути.

Сепак, во продолжение Сантос стигна до пресврт и победа од 4-2. Тоа што беше во центар на внимание е последниот гол на домаќините, кој го постигна Брајан Лозано.

Лозано забележа дека противничкиот голман е премногу излезен од својот гол, па со удар од половина терен успеа да ја затресе противничката мрежа и да ги воодушеви фановите, кои го пофалија на социјалните мрежи.