Страшна повреда на Бускетс

Играчот за врска на Барселона Серхио Бускетс доживеа тешка повреда на гостувањето кај Еибар.

Барселона славеше убедлива победа против Еибар, со головите на Денис Суарез, Лионел Меси, Луиз Суарез и Нејмар.

Денис Суарез влезе наместо Бускетс, кој страдаше во осмата минута, кога противнички играч му застана на нога.

Иако можеби требаше да добие и црвен картон, Ескаланте не доби ниту жолт картон за својот старт, Бускетс на носилка е изнесен од терен, а можеби еден долд период ќе биде надвор од терените поради денешната повреда.