Субашиќ е вистински херој на Хрватска: Ако треба ќе играм и со една нога!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска се пласираше во полуфиналето на Мундијалот во Русија, а еден од јунаците на екипата против домаќинот беше Даниел Субашиќ.

Субашиќ во пенал серијата успеа да одбрани еден пенал на Русија и така да биде повторно еден од јунаците на својата екипа. Сепак, во финишот на натпреварот, Субашиќ се повреди и остана да лежи на теренот.

Сепак, откако докторите му помогнаа, голманот му покажа на селекторот Златко Далиќ дека ќе остане на голот до самиот крај.

„Најважно е тоа што се пласиравме понатаму, другото е неважно. Имам утре преглед, но мислам дека нема посериозни проблеми. Му кажав на селекотот да не ме извади од игра и дека ќе играм ако треба со една нога. Беше важно да се зачува замената за некој друг“, кажа Субашиќ.