Судиите останаа „слепи“ на голот на Ливерпул: Милнер беше во офсајд, но арбитрите не го забележаа тоа (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Одличен натпревар играат екипите на Вест Хем и Ливерпул на „Олимпискиот стадион“ во Лондон.

Во моментов резултатот е 1:1, а стрелци на головите беа Садио Мане и Микаел Антонио.

Голот на Ливерпул дојде по една одлична акција на гостинскиот тим, но истиот не беше регуларен затоа што асистентот на голот, Џејмс Милнер беше длабоко во офсајд. Иако сето ова се случи пред очите на помошниот судија, офсајд не беше покажан, а веднаш потоа Мане го отвори резултатот.