Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Организацијата на тениски судии ја разгледува можноста да не ги суди наредните натпревари на Серена Вилијамс по скандалот во финалето на Ју-Ес опен.
Вилијамс во борбата за титулата беше поразена од Наоми Осака во два сетови, но со своето однесување привлече големо внимание на себеси.
По натпреварот судијата Рамос го обвини за сексизам и повеќе пати кажа дека на натпреварот со Осака се борела за женските права и еднаквоста на половите.
Мислењата се поделени, Женската тениска асоцијација (ВТА) и Американската тениска асоцијација застанаа на нејзина страна, но Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави дека португалскиот судија бил во право за неговите услуги.
Судиите сега разгледуваат опции за да се заштитат, а една од потенцијалните е бојкот на натпреварите на американската тенисерка. Инаку, од Серена ќе се бара извинување за нејзиното однесување.