Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на ПСЖ во неверојатен натпревар беа поразени од Барселона со 6:1.
По победата во првиот натпревар од 4:0, тимот на Емери вчера беше декласиран и на крајот се прости од ЛШ.
Тренерот на тимот е свесен дека неговиот тим не беше на ниво, но додаде дека резултатот во Барселона бил поради лошите судиски одлуки.
„Пропуштивме неверојатна шанса. Првото полувреме беше наша грешка, не успеавме да притиснеме или да направиме нешто со топката. Се браневме и тие имаа шанси за гол. Правевме грешки до 2:0, а потоа игравме помирно.“
„Напредувавме и имавме шанса за 3:2. Сепак, судиските одлуки беа против нас и изгубивме во последните минути. Барселона е способна да направи нешто какво што направи. Одеа на се или ништо.“
Медиумите пишуваат дека ова најверојатно е последен натпревар за Емери во ПСЖ.