Суперлига – МЗТ Скопје после продолжение до победа против соколите, победа за Работнички, Фени се избори за продолжение и го победи Куманово


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одиграа сите три натпревари од четвртото коло од суперлигата.

МЗТ Скопје после продолжение го победи Карпош Соколи, 85:87.

На почетокот на натпреварот се менуваа водствата на двете страни. Соколите направија серија од седум поени за плус пет, 14:9. Лабовиќ и Трајковски му го донесоа првото двоцифрено водство на натпреварот на Карпош Соколи, 21:11. Три секунди пред крајот на првата четвртина Трајковски погоди тројка за 28:17.

МЗТ Скопје во втората четвртина влезе фуриозно и постигна дванаесет поени во серија за минимално водство, 28:29. Клоф и Симоновски зголемија на плус четири, 30:34. Пери погоди две тројки во низа, а Мавра за два за 38:34. Соколов и Трајковски постигнаа две тројки во серија за плус седум, 46:39. Пред крајот на првата четвртина Дреновац погоди тројка за 46:42.

Аеродромци преку Лалиќ, Темс и Младеновски го израмни резултатот, 48:48. Пери постигна осум поени, а Трајковски два во низа за двоцифрено водство на соколите, 58:48. МЗТ до крајот на третата четвртина постигна десет поени во низа и во последните десет минути од натпреварот се влезе со 58:58.

Ѓуроски со две тројки во низа му донесе водство на МЗТ, 65:67. Една минута пред крајот на натпреварот резултатот беше израмнет, 73:73 со кои и заврши натпреварот, па победникот се решаваше на продолжение.

Штрковите го добија продолжението и победија со 85:87. Клоф и Симоновски го предводеа МЗТ со по 16 поени. Ѓуроски додаде 15, Лалиќ 13, а Мијатовиќ 11 поени. Трајковски со 25 поени беше најефикасен во тимот на Карпош Соколи. Пери постигна 23, а Лабовиќ 20 поени.

 

Кошаркарите на Работнички минимално го победија Кожув, 68:67.

Илиевски и Мисановиќ погодија за плус четири, 7:3. МекНил постигна тројка за израмнување на резултатот, 10:10. Кожув преку Аникиенко и Хал зголеми на плус три, 11:14. Димчевски и Апостолов до крајот на првата четвртина постигнаа четири поени во низа за водство на гевгеличани, 15:20.

Чековски на почетокот на втората четвртина постигна седум поени во низа, 22:20. Гостите од Гевгелија постигнаа седум поени во низа за водство од седум поени, 22:29. Мисановиќ ја намали негативата на Работнички на четири поени, 27:31. Кошаркарите на Работнички со пет поени во низа намалија на еден негатива, 35:36. Со звукот на сирената Тасовски погоди тројка за на полувреме резултатот да биде израмнет, 38:38.

Во третата четвртина се менуваше водството на двете страни. Пред крајот МекНил и Стерјов погодија за влегување со два поени предност во последната четвртина, 52:54.

Мисановиќ и Илиевски му донесоа водство на Работнички, 56:54. Гостите преку Аникиенко и Ѓурасовиќ го вратија водството, 56:59. Работнички постигна седум поени во низа за плус пет, 66:61. Ѓурасовиќ и МекНил погодија две тројки во низа за 66:67. Тасовски со двете слободни фрлања му донесе водство и победа на Работнички, 68:67.

Илиевски со 13 поени го предводеше Работнички. Чековски додаде 12, Тасовски и Николиќ по 11, а Мисановиќ 10 поени. Кај Кожув најмногу се истакна МекНил со 13 поени. Стерјов постигна 12, а Ѓурасовиќ 11 поени.

 

Фени Индустри после продолжение стигна до победа против Куманово, 99:98.

Браун и Пековиќ отворија со четири поени во низа, 0:4. Живановиќ и Пековиќ зголемија на плус шест, 5:11. Фени преку Пантиќ намали на два негатива, 9:11. После десет минути игра Куманово имаше водство од четири поени, 18:22.

Ѓекиќ на почетокот на втората четвртина го израмни резултатот, 22:22. Петровски и Пајиќ постигнаа две тројки во низа за водство на Фени, 28:25. Караџовски пред крајот на првото полувреме постигна четири поени во низа за минимално водство на Куманово, 39:40.

Кумановци постигнаа десет поени во низа за 42:50. Две минути пред крајот на третата четвртина Куманово имаше водство од четиринаесет поени, 45:59. Пековиќ со звукот на сирената погоди за плус 12, 51:63.

Ѓекиќ и Пантиќ намалија на шест поени негатива, 57:63. Домашните постигнаа седум поени во низа за намалување на два негатива, 66:68. Петровски погоди двојка за израмнување на резултатот, 75:75. Јанески му донесе водство од два поени на Куманово, но Чешковиќ шест секунди пред крајот на натпреварот погоди за продолжение, 83:83.

Во продолжението кошаркарите на Фени Индустри беа подобри и победија со 99:98. Пантиќ со 27 поени го предводеше Фени Индустри. Николовски додаде 20, Ѓекиќ 12, а Пајиќ 11 поени. Најефикасен кај Куманово беше Караџовски со 27 поени. Браун постигна 23, Караколев и Пековиќ по 12, а Јанески 10 поени.