Супер ждреб според Такинарди, Недвед предупреди дека треба да се внимава


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус во полуфиналето во ЛШ ќе игра против Монако.

Старата дама ја победи Барселона со вкупен резултат 3:0 во четвртфиналето и е фаворит пред натпреварот против Монако, но од Торино предупредија дека треба да се внимава и свесни се дека францускиот клуб заслужува респект.

„Супер ждреб, Монако е најслабиот од можните три ривали во ждребот. Се разбира, Монако го заслужува најголемото почитување. Гостувањето во Монте Карло ќе биде важно бидејќи во Монако немаат многу искуство и тоа би можел да биде одлучувачкиот фактор“, изјави Алесио Такинарди, поранешниот фудбалер на Јувентус.

„Тешко е да се каже кој тим е најдобар во ждребот, сепак ова е натпреварување во кое се е можно. Се надевам дека сме доволно квалитетни да го елиминираме Монако. Не чека млад тим која може да ги направи работите комплицирани и кој има голем потенцијал“, изјави Недвед, потпретседателот на Јувентус.