Супер Марио доби супер понуда: На повидок трансфер во Турција…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер, Марио Балотели кариерата би можел да ја продолжи во Турција.

Според наводите на турските медиуми, 27-годишниот напаѓач би можел да стане нов член на турскиот великан Фенербахче, кој покажува интерес за неговите услуги.

Фенер е во тешка ситуација. Екипата игра очајно и потребни се засилувања, а како идеален за својот напад го гледа токму Балотели.

Италијанецот е многу достапен на пазарот. Ница е подготвена да го продаде за само милион и половина евра, па многу лесно може да се случи тој да заврши во Турција.

Покрај Фенербахче, интерес за услугите на овој фудбалер покажува и екипата на Марсеј, а се споменува и преминување во Фиорентина.

Балотели оваа сезона е очаен. Не постигна ниту еден погодок за Ница, а со тоа најави дека на него повеќе не смета сериозно.