Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако изминатиот месец премина во редовите на Марсеј, Марио Балотели откри дека се надева дека својата кариера ќе ја заврши во редовите на Бреши.
28-годишниот фудбалер во Марсеј пристигна на позајмица во траење од шест месеци, и неговата иднина по истекот на позајмицата не е сигурна.
Балотели откри дека кариерата би сакал да ја заврши во градот во кој пораснал, но се уште не е познато кога би можело да се очекува негово враќање во Италија.
„Италијанскиот фудбал е досаден. Во последните неколку месеци не сум размислувал за враќање во Италија, но не можам да кријам дека кариерата би сакал да ја завршам во Италија“, истакна Балотели и додаде:
„Манчини е тренер кој ме познава најдобро, но не очекувам било какви овластувања. Сакам да добијам повик во репрезентацијата, но морам да го заслужам местото на теренот постигнувајќи погодоци“, заврши Балотели.