Супер Kуп на Шпанија: Ноќ на Реал Мадрид сред Барселона (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Навистина бурен натпревар видовме во шпанскиот Супер куп. Реал Мадрид ја совлада Барселона како гостин со 3:1, а мечот го обележа Кристијано Роналдо.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот беше стрелец на вториот гол за „Кралевите“ во 80. минута, а поради прославата на голот доби и жолт картон. Неколку минути подоцна доби втор жолт картон поради симулирање и мораше да го напушти теренот. За работите да бидат полоши, Роналдо го турна судијата поради доделениот црвен картон и веројатно ќе добие уште поголема казна од шпанската федерација.

Сепак, се чини дека ништо не може да им застане на патот на избраниците на Зидан, па и отсуството на Роналдо не би требало да претставува пречка пред возвратниот натпревар во среда. Без сомнеж мадриѓаните се најдобриот клуб на планетата во овој момент и ретко кој тим може да им се спротивстави.

Мечот во Каталонија го обележа тврда и жестока игра. Реал Мадрид дојде до водство со автоголот на Пике во раната фаза од второто полувреме.

Во 77 минута Лионел Меси по еден спорно досуден пенал го изедначи резултатот на 1:1.

Потоа следеше луда завршница… Роналдо со фантастичен удар од работ на шеснаесетникот ја врати предноста на Реал Мадрид, а неколку моменти пред последниот судиски свиреж Марко Асенсио со уште еден феноменален гол го постави конечниот резултат и го однесе Реал пред освојување на уште еден Супер Куп по оној од Скопје.