Тажна приказна за шампионот: Раниери ја прифати вистината


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лестер денес изгуби со 2:1 од Сандерленд во 14-то коло во ПЛ.

Лестер со новиот пораз покажа дека, по сезоната во која освои титула, ќе се бори за опстанок во лигата.

„Ова не е вистински момент за нас. Сакавме да освоиме бодови, но тие беа потребни и на Сандерленд.“

„Ние сме сега во борба за опстанок во лигата. Мораме да останеме заедно, да продолжиме напорно да работиме и да веруваме дека ќе се спасиме.“

Лестер го осигура местото во нокаут-фазата во ЛШ, а во средината на неделата игра против Порто во последниот натпревар во групната фаза, како и тежок натпревар со Манчестер Сити.